ПРВ.мк
Црна Хроника

Обложувалница и уште две дрски кражби: Уапсен 27-годишник

Обложувалница и уште две дрски кражби: Уапсен 27-годишник

Полицијата во Тетово уапси 27-годишен штипјанец, осомничен за неколку кражби извршени во текот на минатата недела.

Според информациите од МВР, на 8 септември 2026 година во 12:45 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.Ц. (27) од Штип, со живеалиште во Тетово.

Тој е осомничен за „тешка кражба во обид“ извршена во спортска обложувалница, како и за уште две кривични дела „дрска кражба“.

Од МВР информираат дека случаите биле извршени во текот на минатата недела.

Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосното расчистување и документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.