ПРВ.мк
Магазин

КОЈ Е МОЌНИОТ ТАТКО НА МЛАДИОТ МАНЕКЕН СО КОЈ КАРЛЕУША Е НЕРАЗДЕЛНА: На синот ќе му остави империја

КОЈ Е МОЌНИОТ ТАТКО НА МЛАДИОТ МАНЕКЕН СО КОЈ КАРЛЕУША Е НЕРАЗДЕЛНА: На синот ќе му остави империја

Јелена Карлеуша повторно го привлекува вниманието на јавноста, овојпат поради нејзината блискост со младиот манекен Александар Шево, со кого во последно време сè почесто се појавува.

Според српските медиуми, Карлеуша и Шево заедно летувале, а младиот манекен ја пречекувал и на аеродром по нејзините настапи. Иако самиот не сака премногу да се експонира во јавноста, сега вниманието го привлече и неговото семејство.

Како што пишува „Мондо“, татко на Александар е Милан Шево, човек чие име е познато во деловните кругови, но и во Шведска, каде во изминатите децении бил предмет на медиумски интерес.

Според информациите што ги пренесуваат српските медиуми, Милан Шево е поврзан со сериозни бизниси во нордиските земји и во Србија, каде последните години живее со своето семејство.

Извор за „Курир“ тврди дека Шево е сопственик на елитен ресторан во Белград, како и на повеќе деловни простории што ги издава.

Истиот извор го опишува како влијателен човек во белградските деловни кругови, кој, и покрај својата финансиска моќ, не сака премногу јавно да се експонира.

Во меѓувреме, интересот за неговиот син Александар дополнително порасна по сè почестите појавувања во друштво на Карлеуша.