СВР Скопје поднесе кривична пријава против 25-годишниот Г.Х. од Скопје, поради сомнение дека од сеф во ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје украл девет пиштоли.
Според информациите од МВР, случајот се случил во периодот од 2 до 5 јануари 2026 година.
Осомничениот, како што е наведено во пријавата, со употреба на физичка сила и соодветен алат успеал да го отвори сефот во јавното претпријатие, од каде одзел вкупно девет пиштоли.
Против него е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека ги сторил кривичните дела „тешка кражба“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.






