ПРВ.мк
Македонија

ПОЛИЦАЕЦ МУ НАПИШАЛ КАЗНА, ПА СЛЕДУВАЛЕ ЗАКАНИ: 34-годишник приведен!

ПОЛИЦАЕЦ МУ НАПИШАЛ КАЗНА, ПА СЛЕДУВАЛЕ ЗАКАНИ: 34-годишник приведен!

Полицијата во Скопје лишила од слобода 34-годишен скопјанец, откако било пријавено дека телефонски упатувал закани кон полициски службеник кој претходно му изрекол санкција за сообраќаен прекршок.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 30 септември 2026 година во 15:40 часот, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С. (34) од Скопје.

Постапувањето уследило по претходна пријава дека на 29 септември 2026 година, Б.С. телефонски му упатувал закани на полициски службеник, кој претходно му изрекол казна поради сторен сообраќаен прекршок.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.