ПРВ.мк
Магазин

МОЖЕ ЛИ ОДМРЗНАТОТО МЕСО ПОВТОРНО ВО ЗАМРЗНУВАЧ? Еве кога е безбедно, а кога треба да го фрлите

МОЖЕ ЛИ ОДМРЗНАТОТО МЕСО ПОВТОРНО ВО ЗАМРЗНУВАЧ? Еве кога е безбедно, а кога треба да го фрлите

Месото што еднаш било одмрзнато не мора секогаш да заврши во канта. Во одредени услови може повторно да се замрзне, но клучно е како било одмрзнато и колку време било чувано.

Ако месото било одмрзнато исклучиво во фрижидер и постојано било на ниска температура, генерално може повторно да се стави во замрзнувач. Најдобро е тоа да се направи во рок од еден до два дена.

Сосема поинаква е ситуацијата ако месото било оставено на собна температура. Температурниот опсег од приближно 4 до 60 степени е погоден за брзо размножување на бактерии, па месо кое подолго време стоело на кујнската површина не треба повторно да се замрзнува.

Ако, пак, месото е одмрзнато во микробранова печка, најбезбедно е веднаш да се термички обработи.

Постои и разлика меѓу безбедноста и квалитетот. При секое замрзнување се создаваат кристали мраз кои влијаат врз структурата на месото. Затоа, по повеќекратно замрзнување и одмрзнување, тоа може да стане посуво и да изгуби дел од сочноста.

Доколку месото има непријатен мирис, невообичаена боја или слузава површина, не треба да се користи без оглед на тоа колку време било чувано.