Полицијата на Фиџи отвори истрага откако кокаин вреден околу 14 милиони долари, кој се чувал како доказен материјал во судски предмет, бил заменет со брашно.
Според информациите, под истрага се шест лица, а случајот бил откриен откако било утврдено дека недостасуваат седум од вкупно 39 пакувања кокаин. По дополнително тестирање на преостанатите пакувања било откриено дека наместо дрога во нив имало брашно.
Доказниот материјал бил тестиран во февруари и јули 2019 година, кога било потврдено присуство на кокаин. Во 2021 година дрогата била пренесена во Високиот суд, по што, според досегашните сознанија, дошло до исчезнување или манипулација со доказите.
Дополнително било утврдено дека недостасува кокаин кој се чувал како доказ и во друг судски предмет.
Истрагата треба да утврди кога и како исчезнала дрогата, како и кој е одговорен за замената на кокаинот со брашно.







