СВР Тетово поднесе кривична пријава против 20-годишниот Р.Џ. од Тетово поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Според информациите, на 24 септември 2026 година полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф 5“.
Пред возилото целосно да запре, 20-годишникот преку прозорецот фрлил марихуана, но обидот да се ослободи од дрогата не му успеал.
Истиот ден полицијата извршила и претрес во неговиот дом, каде што била пронајдена и одземена дополнителна количина марихуана.
По документирањето на случајот, против младиот тетовец е поднесена кривична пријава.







