ПРВ.мк
Магазин

КОЈ БИ РЕКОЛ ДЕКА ИМА 57 ГОДИНИ? Џенифер Лопез ја покажа својата фигура и ги воодушеви фановите

КОЈ БИ РЕКОЛ ДЕКА ИМА 57 ГОДИНИ? Џенифер Лопез ја покажа својата фигура и ги воодушеви фановите

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез повторно го привлече вниманието на јавноста со новите фотографии на Инстаграм, на кои ја покажа својата импресивна физичка форма на 57-годишна возраст.

Популарната пејачка и актерка позираше пред огледало облечена во тесен темен спортски комбинезон без ракави, кој ја истакна нејзината витка линија, тесниот струк и затегнатата фигура.

Спортскиот изглед го надополни со бели патики, додека долгата коса ја остави пуштена.

На дел од фотографиите позира сериозно, додека на останатите насмеана го покажува своето добро расположение.

Но, покрај фотографиите од својата фигура, Лопез сподели и нешто што ги изненади нејзините следбеници – чинија со колачиња и чаша млеко.

„Вежбај и јади колачиња. Рамнотежата е клучна!“, напиша пејачката во описот на објавата.

Со оваа порака таа покажа дека, и покрај дисциплината и редовните тренинзи, не се откажува од малите задоволства во секојдневието.

Нејзината објава предизвика огромен интерес и собра повеќе од 712.000 лајкови.

Џенифер Лопез со години важи за една од најдисциплинираните светски ѕвезди кога станува збор за физичката кондиција.

Танцувањето, вежбањето и активниот начин на живот се составен дел од нејзиното секојдневие, а резултатите се забележуваат и на нејзините енергични сценски настапи.

И по повеќе од три децении успешна кариера, латино дивата продолжува да привлекува внимание со својот изглед, енергијата и самодовербата.