ПРВ.мк
Црна Хроника

ДРАМА ВО УЧИЛИШТЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Полицијата приведе малолетник кој носел пиштол

ДРАМА ВО УЧИЛИШТЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Полицијата приведе малолетник кој носел пиштол

Вознемирувачки случај е регистриран во средно училиште во Тетово, каде што полициски службеници пронашле пиштол кај 15-годишен ученик.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 13 ноември, околу 14:40 часот, полициски службеници од СВР Тетово извршиле преглед на малолетник од Тетово.

Прегледот бил извршен во присуство на негов родител и училишниот педагог.

Кај 15-годишникот биле пронајдени и одземени пиштол „Зораки 918-Г“, калибар 9 милиметри, и една рамка.

По откривањето на оружјето, полициските службеници го лишиле од слобода малолетникот, кој потоа бил задржан во полициска станица.

За случајот бил известен и надлежен јавен обвинител.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Засега не се соопштени дополнителни информации за тоа како малолетникот дошол до пиштолот и зошто го носел во училиштето.