Драган Којиќ Кеба за првпат јавно проговори за гласините и обвинувањата кои со години го следат популарното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, а се однесуваат на наводно местење на гласањето и однапред договорени победници.
Како еден од членовите на жирито, Кеба категорично ги отфрли ваквите тврдења, нагласувајќи дека никој од продукцијата никогаш не барал од членовите на жирито да гласаат спротивно од сопственото мислење.
Според него, секој член на жирито самостојно одлучува кому ќе му го даде својот глас, оценувајќи ги талентот и настапот на кандидатите.
„Тоа се чисти измислици. Во ‘Ѕвездите на Гранд’ сè е апсолутно регуларно и транспарентно. Никој никогаш од нас не побарал да гласаме спротивно од нашето сопствено мислење, ниту пак постојат какви било местенки“, изјави Кеба.
Тој порача дека кандидатите и публиката можат да бидат сигурни во регуларноста на натпреварувањето и додаде дека членовите на жирито гласаат според она што кандидатите го покажуваат на сцената.










