ПРВ.мк
Црна Хроника

СТРАШНО ОТКРИТИЕ ПРИ ПОЛИЦИСКА КОНТРОЛА: Во автомобил пронајдено телото на позната манекенка

СТРАШНО ОТКРИТИЕ ПРИ ПОЛИЦИСКА КОНТРОЛА: Во автомобил пронајдено телото на позната манекенка

Страшен случај ја потресе Француската ривиера, откако полицијата при рутинска контрола на автомобил го пронашла телото на бразилската манекенка Лариса Брито на задното седиште.

Според информациите објавени во регионалните медиуми, зад воланот бил нејзиниот поранешен партнер, кој веднаш бил уапсен. Телото на младата жена било сокриено во пластични кеси.

Осомничениот ги негирал обвинувањата, но според досега објавените информации, не објаснил како телото на неговата поранешна девојка завршило во автомобилот.

Мајката на Лариса изјавила дека нејзината ќерка претходно ја прекинала врската со него, а тврди и дека по раскинувањето тој продолжил да ја следи и да ѝ се заканува.

Последната порака што Лариса наводно ѝ ја испратила на мајка си дополнително го привлекува вниманието на истражителите. Во неа напишала дека нејзиното поранешно момче се наоѓа во нејзиниот стан, по што контактот со неа бил прекинат.

Во рамки на истрагата било утврдено дека станот на манекенката во Ница бил испразнет и темелно исчистен. Според медиумските извештаи, снимки од безбедносните камери го прикажуваат осомничениот како ја напушта зградата со неколку торби.

Француските власти продолжуваат со истрагата, а точната причина за смртта и сите околности околу случајот допрва треба да бидат утврдени.