Десетгодишно дете било физички нападнато на автобуска станица во Зелениково, информира Министерството за внатрешни работи.
Според полицискиот билтен, на 28 септември 2026 година во 19:45 часот во СВР Скопје, С.Ќ. (42) од селото Страхојадица, Општина Зелениково, пријавил дека неговиот 10-годишен син бил нападнат истиот ден околу 08:15 часот.
Според пријавата, инцидентот се случил на автобуска станица во Зелениково, каде детето било физички нападнато од Н.И.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.






