ПРВ.мк
Македонија

НОВИ СМЕНИ ВО ВЛАСТА: За една до две недели смени на заменици-министри и директори

НОВИ СМЕНИ ВО ВЛАСТА: За една до две недели смени на заменици-министри и директори

Премиерот Христијан Мицкоски најави нови кадровски промени во вториот и третиот ешалон на власта, кои се очекува да бидат реализирани во следните една до две недели. Најавата се однесува на позиции на заменици-министри и директори. 

Мицкоски посочи дека веќе има претстава за тоа кои кадровски решенија треба да бидат направени, но пред конечната одлука тие треба да бидат усогласени со коалициските партнери.

„Јас отприлика имам што, каде и како. Треба коалициски да потврдиме и ќе се случи во следнава недела-две“, изјави Мицкоски. 

Новите промени доаѓаат по реконструкцијата на Владата во јули, кога беа направени измени на повеќе министерски позиции. Уште тогаш беше најавено дека прашањето за заменик-министрите дополнително ќе биде отворено во текот на есента. 

Во моментов не се соопштени имињата на функционерите што би биле опфатени со промените, ниту кандидатите што би можеле да ги наследат. Повеќе детали се очекуваат по коалициските консултации.