ПРВ.мк
Македонија

ТЕМПЕРАТУРИТЕ ОДАТ КОН НУЛА: УХМР објави какво време нè очекува во следните денови

ТЕМПЕРАТУРИТЕ ОДАТ КОН НУЛА: УХМР објави какво време нè очекува во следните денови

Под влијание на поле со висок воздушен притисок, во Македонија следува период на релативно стабилно време, но утрата ќе стануваат значително посвежи, информира УХМР.

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен правец, кој во североисточните делови повремено ќе засилува.

Во следниот период се очекуваат сончеви периоди во текот на денот, додека утринските температури ќе бидат пониски и на одредени места ќе се доближат до нулата. Дневните температури ќе останат во рамките на просекот за овој период од годината.

До недела ќе продолжи слабиот до умерен ветер од северен правец, а потоа ќе го промени правецот и ќе дува од југ.