Јелена Карлеуша повторно е во центарот на вниманието откако на социјалните мрежи се појавија снимки и фотографии на кои ужива во друштво на 25 години помладиот манекен Александар Шево.
Двајцата на почетокот на август поминале ден сами на глисер на Сава. На објавените кадри Карлеуша се сонча на палубата, додека Шево, без маица, управува со глисерот.
Нивното дружење веќе подолго време предизвикува шпекулации за природата на нивниот однос. Во изминатиот период тие биле забележани заедно во белградски локал, на патувања, но и во друштво на други познати личности. Шево се појавува и во новиот спот на Карлеуша за песната „Balkan Boy“.
Според српските медиуми, Карлеуша го запознала Александар преку нејзиниот долгогодишен пријател и соработник Зоран Бирташевиќ. Со текот на времето нивното дружење станало почесто, а Шево во повеќе наврати бил забележан и како го вози автомобилот на пејачката.
Сепак, Карлеуша ги отфрли шпекулациите дека станува збор за љубовна врска и нагласи дека двајцата се само пријатели.
Александар Шево е 25 години помлад од Карлеуша и е ангажиран во позната модна агенција. Пред неколку години српските медиуми го поврзуваа и со ќерката на Здравко Чолиќ.











