ПРВ.мк
Свет

ДРАМА НА ГРАНИЦАТА СО НАТО: Руски дрон удри на два километри од Полска, веднаш кренати борбени авиони (ВИДЕО)

ДРАМА НА ГРАНИЦАТА СО НАТО: Руски дрон удри на два километри од Полска, веднаш кренати борбени авиони (ВИДЕО)

Руски реактивен дрон погодил област во западна Украина, на околу два километри од границата со Полска, во близина на граничниот премин Дорохуск. Поради непосредната близина на нападот, полските власти го евакуирале граничниот премин, а војската ги активирала борбените авиони и системите за противвоздушна одбрана.

Според полските власти, рускиот дрон паднал на украинска територија во близина на Јагодин. Полското Министерство за одбрана соопшти дека воздушниот простор на Полска не бил нарушен.

За време на нападот во Лублинското Војводство се огласиле сирените за воздушна опасност. На снимки објавени од регионот се слушаат сирените, додека граѓани излегуваат надвор и гледаат кон небото.

Полскиот министер за одбрана Владислав Косинијак-Камиш потврди дека системите за противвоздушна одбрана и авионите биле подготвени за дејствување. По завршувањето на опасноста, авионите се вратиле во базите, а ПВО-системите продолжиле со набљудување и готовност.

Поради брзото менување на безбедносната ситуација, најпрво била прекината граничната контрола на преминот Дорохуск, а потоа била наредена и евакуација.

Станува збор за уште еден инцидент во непосредна близина на полската граница. Според текстот, на 13 септември руски дрон погодил бензинска пумпа во истиот регион.


Видео: