Француската агенција за крв (EFS) соопшти дека идентификувала сосема нова, досега непозната крвна група, која досега ја има само една личност во светот – жена од островот Гвадалупе. Оваа редок тип е наречен „Gwada negative“ и стана официјално признат како 48-ми крвен систем во светот од страна на Меѓународното друштво за трансфузија на крв на состанокот во Милано, јуни 2025.
Сè започнало уште во 2011 година кога кај тогаш 54-годишната пациентка, која живеела во Париз, биле откриени „многу невообичаени“ антитела за време на рутинска крвна анализа пред хируршка интервенција. Поради ограничен пристап до напредна технологија, потврдата на реткиот фенотип била одложена до 2019, кога со ДНК секвенционирање научниците утврдиле уникатна генетска мутација.
Жената го наследила овој исклучително редок крвен тип од двајцата родители и според експертите – таа е единствената личност во светот која може да прими сопствена крв. Името „Gwada negative“ го носи според нејзиното потекло – од островот Гвадалупе.
Научниците сега работат на идентификација на евентуални други носители и веруваат дека ова откритие ќе отвори нови врати за третман на пациенти со редки крвни групи.