Милица Павловиќ повторно е во центарот на вниманието, откако на социјалната мрежа ТикТок се појави видео од проба, каде пејачката видно незадоволна реагира кон еден млад соработник. Настанот брзо предизвика лавина од коментари на интернет – дел ја осудија за ароганција, а други тврдат дека ситуацијата е извадена од контекст.
Според видеото, Милица реагирала на тоа што 17-годишниот Лука ѝ се обратил преку мониторинг системот. Пред целиот тим, му порача: „Не можеш да разговараш со мене!“ – објаснувајќи дека не е негова улога да комуницира директно со неа.
Видеото можете да го погледнете тука.
Оваа сцена дојде веднаш по објавата на нејзиниот документарец за завршената турнеја, во кој таа се заблагодари на бројни колеги, но не и на Јелена Карлеуша – што дополнително го разгоре интересот кај публиката.
Иако дел од нејзините фанови ја бранат, велејќи дека видеото е монтирано и погрешно интерпретирано, инцидентот повторно ја отвори дебатата за односите помеѓу јавните личности и нивните тимови – особено кога камерите се „исклучени“.