ПРВ.мк
Магазин

„Многу болеше, но вредеше“ - шпански инфлуенсер скапо ја плати својата слава!

„Многу болеше, но вредеше“ - шпански инфлуенсер скапо ја плати својата слава!

Берто Варела, познат на интернет како Берто Блек, е човекот кој буквално си ја обоил сопствената кожа. Овој инфлуенсер од Тенерифе, Шпанија, го покрил скоро целото тело со густо црно мастило – потег кој за некои е уметност, а за други – лудост.

Претходно имал различни тетоважи, но решил сѐ да „избрише“ со едноличен слој мастило. Процесот бил болен и долг – со компликации, лупење на кожа и постојана болка. Но Берто не жали: „Многу болеше, но вредеше,“ изјавува тој. На грбот има тетоважа од тигар – една од ретките што сѐ уште се издвојува од црнината.

Берто не е само визуелна сензација. Тој е фанатик за фитнес – крева 200 килограми на бенч, има обем на раце од 55 см, и како што вели, во 2025 година ќе биде во најдобра форма досега. На социјалните мрежи дели совети за исхрана и тренинг со своите 140.000 следбеници.

Негова најголема поддршка е девојката Амбер – љубителка на тетоважи и теретани, а заедно заработуваат од ексклузивни содржини. Живеат според едно правило: „Најголемото задоволство е да го правиш она што другите велат дека не можеш.“

Сподели го овој напис