ПРВ.мк
Свет

Иран до Трамп: Ќе активираме терористички ќелии во САД ако нападите не престанат!

Иран до Трамп: Ќе активираме терористички ќелии во САД ако нападите не престанат!

Според ексклузивни информации објавени од NBC News, ирански претставници му испратиле закана на американскиот претседател Доналд Трамп, предупредувајќи дека ќе активираат скриени терористички ќелии на територијата на САД доколку дојде до напад врз Иран.

Информацијата, како што наведуваат двајца американски функционери и едно лице запознаено со случајот, му била пренесена на Трамп преку посредник на самитот на Г7 што се одржа во Канада минатата недела. Истите извори тврдат дека предупредувањето било сфатено сериозно, особено во контекст на сè поголемите тензии меѓу Вашингтон и Техеран.

Иако официјални детали за посредникот или точната содржина на пораката не се објавени, заканата фрла дополнителна сенка врз безбедносната состојба во САД, особено во светло на последните случувања на Блискиот Исток. Американските служби за национална безбедност засега не коментираат, но се претпоставува дека се активирани мерки за зголемено следење на потенцијални закани внатре во земјата.

Сподели го овој напис