ПРВ.мк
Свет

Воени облаци над Техеран: Израелски дронови и ракети го пробија иранскиот штит

Воени облаци над Техеран: Израелски дронови и ракети го пробија иранскиот штит

Израелската воена авијација започна координиран воздушен напад врз ирански воени позиции во текот на ноќта, погодувајќи ракетни складишта и системи за воздушна одбрана во провинциите Керманшах и Хамадан. Нападите се дел од растечката ескалација во блискоисточниот конфликт, при што Тел Авив тврди дека се работи за „одговор на директна агресија“.

Израелските одбранбени сили (CAHAL) соопштија дека целите биле стратешки објекти – платформи за лансирање ракети, радарски системи и складишта за муниција. Една од најзначајните мети билa батерија за противвоздушна одбрана во близина на Техеран, која, според израелски извори, е целосно неутрализирана.

Истовремено, неколку ирански градови, вклучувајќи ја престолнината Техеран, биле изложени на серија детонации. Медиумите блиски до режимот, како агенцијата Фарс, јавуваат за експлозии на небото предизвикани од израелски дронови и ракети, додека системите за воздушна одбрана биле активирани во обид да пресретнат непријателски проектили.

Нападите уследија откако Иран лансираше околу 30 ракети кон израелски територии, со експлозии пријавени во Хаифа и Тел Авив. Досегашните информации упатуваат на сериозна ескалација со потенцијал за отворен регионален конфликт.

Меѓународната заедница апелира за воздржаност, но конфликтот се продлабочува, оставајќи го регионот на раб на поширока војна.