ПРВ.мк
Магазин

Џеф Безос го тресе Балканот и Италија: Пена парти во Хрватска пред бракот на годината!

Џеф Безос го тресе Балканот и Италија: Пена парти во Хрватска пред бракот на годината!

На само неколку дена пред венчавката која ќе се одржи на луксузниот остров Свети Ѓорѓи Маџоре во Венеција, Џеф Безос и Лорен Санчез веќе ја почнаа својата петдневна свадбена прослава. Парот, кој изнајми цел остров за оваа ексклузивна пригода, избра Хрватска за првата фаза од прославата, каде организираа забавна „пена парти“ на својата јахта.

Покрај младенците, на јахтата беа забележани и блиски пријатели, а претстојната венчавка ќе ја прослават со помалку од 200 гости, меѓу кои најверојатно ќе бидат и познати личности како Ким Кардашијан и Кети Пери. Главната прослава, според изворите, ќе се одржи токму на луксузната јахта на Безос, додека гостите ќе бидат сместени во најпрестижните хотели во Венеција.

Но, овој гламурозен настан не минува без критики. Локалците во Венеција протестираат против големата свадба, тврдејќи дека Венеција веќе е преполна со туристи, а ваквиот настан само ќе ја влоши ситуацијата. Некои од демонстрантите дури го обвинуваат парот дека ја третира Венеција како „сцена за фалење“, и дека продале дел од градот за пари.

И покрај протестите и негативните коментари, свадбата на Безос и Санчез ќе остане една од најгламурозните и најскапите прослави ова лето, која будно ја следат сите љубопитни очи.

Сподели го овој напис