ПРВ.мк
Македонија

Европа ќе зборува јасно: Македонски јазик и идентитет во срцето на извештајот

Европа ќе зборува јасно: Македонски јазик и идентитет во срцето на извештајот

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент утре ќе гласа за Извештајот за напредокот на Македонија, подготвен од известувачот Томас Вајц. Документот експлицитно го признава македонскиот јазик и идентитет, што предизвика силна реакција кај бугарските европратеници, поради што гласањето беше одложено на 4 јуни.

„Овој извештај не решава билатерални прашања, туку се фокусира на европските вредности, владеење на правото и правата на малцинствата“, изјави Вајц, барајќи одложување за да се надминат политичките притисоци.

Во документот се повикува на забрзување на пристапните преговори со Македонија и спроведување на уставните измени. Се нагласува посветеноста на земјата кон евроинтеграцијата и се повикува ЕУ да го зачува кредибилитетот на процесот.

Премиерот Мицкоски изјави дека очекува јасна и силна поддршка за македонскиот идентитет. Тој додаде дека заедно со министерот за надворешни работи се спротивставиле на обидите за менување на текстот под влијание на бугарските европратеници.

Седницата е закажана за утре во 9 часот, а извештајот е прва точка на дневниот ред. Очекувањата се дека ќе биде усвоен со поддршка од мнозинството европратеници.

Сподели го овој напис