ПРВ.мк
Магазин

Која е тајната на издржливоста на Кинескиот ѕид?

Која е тајната на издржливоста на Кинескиот ѕид?

Кинескиот ѕид е една од највеличествените градби во светот, а неговата издржливост не се должи само на каменот, туку и на необичен генијален материјал – лепливиот ориз.

Изградбата започнала околу 220 година пр.н.е., но најцврстите делови се од династијата Минг (1368–1644), кои и денес се најпознати.

Кинескиот ѕид не е континуирана структура, туку мрежа од ѕидини, кули и порти со празнини помеѓу нив. Според официјални податоци, должината е околу 21.200 километри, но постојат и други процени.

Научниците откриле дека лепливиот ориз бил дел од цементната мешавина, што ја правело конструкцијата поцврста и подолготрајна.

Покрај архитектонската вредност, ѕидот крие и трагични приказни. За време на Културната револуција бил делумно разградуван, а материјалот употребуван за куќи. Околу 400.000 работници загинале при неговата изградба, многумина погребани во темелите, поради што ѕидот понекогаш се нарекува „најдолгите гробишта на светот“.

Сподели го овој напис