ПРВ.мк
Магазин

Дерматолозите предупредуваат – ова лето внимавајте на кожата повеќе од било кога

Дерматолозите предупредуваат – ова лето внимавајте на кожата повеќе од било кога

Летото носи повеќе сонце, но и сериозни ризици за кожата. Дерматолозите предупредуваат дека токму овој период бара зголемена будност, особено поради зголемената изложеност на УВ зрачење. Меланомот, еден од најагресивните облици на рак на кожа, често започнува како навидум безначајна промена.

Д-р Предраг Полкесиќ, дерматолог, вели дека самопрегледот на кожата треба да стане секојдневна навика. Според него, секоја нова дамка, младеж или чешање може да биде причина за итна консултација со специјалист. Препорачува телото да се прегледува по капење, со помош на огледало, а за скриени делови – да се вклучи член од семејството.

Особено треба да се внимава на промени со нерамномерна боја, неправилна форма или оние што предизвикуваат непријатност. Местата под хронична иритација – под градник, веш или на стапала – се сметаат за високоризични.

Иако многумина немаат генетска предиспозиција, Полкесиќ вели дека барем еднаш годишно секој треба да направи дерматолошки преглед. Официјално се пријавени 700 случаи на меланом минатата година, но вистинската бројка најверојатно е многу поголема.

Навремената реакција може да направи огромна разлика.

Сподели го овој напис