Анонимен е-мејл со закана за поставени експлозивни направи го потресе белградскиот Факултет за организациски науки. Пораката пристигнала на официјалната е-пошта на институцијата на 15 јуни, а според содржината, бомбата наводно треба да биде активирана на 23 јуни 2025 година.
Веднаш по добиената закана, раководството на факултетот ја известило полицијата, а случајот бил пријавен до Одделот за високотехнолошки криминал. Безбедносните служби планираат целосна инспекција на објектот токму на датумот наведен во пораката.

„Никој нема да смее да престојува во зградата додека трае безбедносната проверка. Вработените ќе работат од дома, а студентите нема да имаат пристап до факултетот сè до 24 јуни“, стои во официјалното соопштение од деканскиот колегиум.
Сѐ уште не е познат идентитетот на испраќачот на заканата. Случајот е во рацете на надлежните служби.