И покрај децениска поддршка од своите регионални сојузници, Иран сега се наоѓа во позиција на изолација. По нападите од САД и Израел врз нуклеарни цели, традиционалните партнери – Хезболах, ирачките милиции и хутите – молчат и не преземаат воени одмазднички мерки.
Хезболах, кој со години важеше за најлојален ирански сојузник, значително е ослабен поради убиството на лидерот Насралах и масовните загуби од израелските удари. Хутите, пак, дури и се согласија на примирје со САД. Слична е ситуацијата и со ирачките милиции.
Дополнителен удар за иранското влијание е и падот на Башар ал Асад, што го наруши логистичкиот синџир за снабдување со оружје.
Иако официјално се изразува поддршка, реалните воени дејства недостасуваат – што отвора прашања: дали Иран остана сам? И дали ова е крајот на неговата моќ во регионот?