Иако дел од руските политичари и олигарси отворено повикуваат на поддршка за Иран по американските напади, официјалната позиција на Кремљ останува претпазлива. Дмитриј Медведев остро ја осуди Америка, а бизнисменот Малофеев побара отворена воена помош за Техеран, но Русија засега не прави ништо конкретно.
Иранскиот министер за надворешни работи беше во Москва на итни консултации, а Техеран побара реакција од ОН. Но наместо директен одговор, Русија се држи до симболична поддршка. Причините се јасни: Русија нема воен капацитет за нов фронт покрај Украина, не сака судир со САД и ѝ одговара што вниманието на светот се префрли од Украина кон Блискиот Исток.
Постојат индиции дека Кремљ бил однапред информиран за американските удари, што ѝ овозможува на Русија да се претстави како потенцијален медијатор – позиција која Путин може да ја искористи за да издејствува дипломатска добивка, особено во однос на конфликтот во Украина.