Со сè поголемата моќ на вештачката интелигенција (АИ), пазарот на трудот доживува фундаментални промени. Нова студија на компанијата „Linkee“ ги идентификува професиите со најголем ризик од автоматизација во следната деценија, особено во креативните и маркетинг индустрии.
На врвот на листата се наоѓаат:
- копирајтери – 85% ризик од автоматизација
- видео-монтажери – 65% ризик
- графички дизајнери – 59% ризик
Други ранливи професии се СЕО специјалисти, маркетинг аналитичари и УХ (user experience) дизајнери.
Причината е јасна: задачи како пишување текстови, создавање слики и анализа на податоци се токму оние кои генеративните АИ модели можат да ги извршуваат брзо и по ниска цена. Како што истакнува Вахан Погосјан, директор на „Linkee“, „трошокот за зборови и стандардни кампањи тежнее кон нула“.
Сепак, иднината не значи целосна замена на луѓето. АИ ќе стане алатка која ги надополнува човечките способности. Копирајтер кој знае само да пишува основни текстови е загрозен, но оној кој користи АИ за истражување, генерација на идеи и применува човечка креативност, ќе има конкурентска предност.
Студијата покажува дека „безбедни“ професии се оние кои комбинираат податоци, раскажување приказни и деловни цели. Иднината припаѓа на оние кои ќе научат да работат со АИ, а не да се плашат од него.