Со голема тага се објавува дека 57-годишната Елени Карастамати, мајка на четири деца и вработена во општинското комунално претпријатие во Кавала, ненадејно почина. Таа беше позната и на TikTok преку видео од својата работа во одделот за собирање отпад.
Елени била на одмор кога била пронајдена во несвест од свој роднина. Според информациите, обдукцијата ќе ја потврди точната причина за смртта, но се наведува дека срцето ја издало.

Градоначалникот на Кавала изрази длабока тага и истакна дека нејзината загуба остава незаменлива празнина, како во семејството, така и во општинската служба, каде што Елени секојдневно ја покажуваше важноста на трудот и посветеноста на секој вработен.
„Таа беше пример за одговорна и посветена вработена, која успеа да ја спои професионалната одговорност со семејната грижа. Во име на Општина Кавала, изразувам искрено сочувство до нејзините деца и најблиските“, се вели во соопштението на градоначалникот.