Третиот армиски корпус на Украина денеска објави вознемирувачка снимка од селото Шандрихолове, во регионот Доњецк, која покажува руски војници како користат малолетно девојче како човечки штит за време на нивното повлекување. Инцидентот се случил во близина на Лиман, но точниот датум не е објавен, известува „Киев пост“.
Заедно со видеото, украинските сили ја објавија и пресретнатата радио комуникација на руските војници. Во неа, командантот со повикувачки знак „Бали“ наредува убивање на сите цивили, додавајќи: „Па, не сметајќи ги децата“.
На снимката се прикажани руски војници кои ја напаѓаат куќата, убијќи го семејството, додека девојчето е киднапирано и држано како заложник за да ги заштити напаѓачите од оган. Дронот покажува заматено тело на земја, кое се претпоставува дека е член на семејството.
Судбината на киднапираното девојче засега останува непозната. Третиот армиски корпус и СБУ апелираат до цивилите во фронтовските области да се евакуираат веднаш.
Овој случај е редок пример на документирано воено злосторство, бидејќи претходните пријави главно се базирале на сведоштва на заробени војници. Русите се обвинети и за други случаи на „перфидија“ – маскирање како цивили за време на борба, што е кршење на меѓународното хуманитарно право.