ПРВ.мк
Свет

Рубио и Лавров се сретнаа во Њујорк – САД повикуваат Москва на чекори за трајно решение во Украина

Рубио и Лавров се сретнаа во Њујорк – САД повикуваат Москва на чекори за трајно решение во Украина

Американскиот сенатор Марко Рубио изјави дека Москва треба да преземе конкретни мерки за трајно решавање на конфликтот во Украина. „Рубио го повтори повикот на американскиот претседател Доналд Трамп за запирање на убиствата и потребата Москва да преземе значајни чекори кон трајно решение на руско-украинската војна“, соопшти Стејт департментот.

Средбата меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар се одржа зад затворени врати во Њујорк и траеше еден час, претходно известија руските медиуми.

Лавров пред тоа се сретна со претседателката на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Мирјана Сполјариќ-Егер, и разговараше за хуманитарните активности во Украина, Појасот Газа, Сирија и Судан. Тој имаше и билатерални разговори со словачкиот министер за надворешни работи Јурај Бланар.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека Лавров ќе го пренесе ставот на Русија за Украина на американската страна. Последниот состанок меѓу Лавров и Рубио се одржа во јули на маргините на настан на АСЕАН во Малезија.

Во рамките на посетата на Њујорк, Лавров ќе учествува на мултилатерални настани на Г20, БРИКС и ОДКБ, ќе се сретне со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и ќе се обрати на Генералното собрание на ОН на 27 септември.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape