ПРВ.мк
Македонија

Порака до судиите: Нема оправдување за погрешни одлуки и мито, ако не ја сакаат државата – заминете

Порака до судиите: Нема оправдување за погрешни одлуки и мито, ако не ја сакаат државата – заминете

ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на денешната реакција на Здружението на судии, оценувајќи ја како „крајно загрижувачка“. Според партијата, причината што некои судии и обвинители работат неетички и склучуваат пактови со криминалци се ниските плати, што според нив, не може да се оправда.

„Го видовме нивното соопштение и очекувавме сериозен пристап, но тие самите го признаа – причината се ниските плати. Со тоа, некои ги оправдуваат погрешните одлуки, а дел дури земаат мито, тврдејќи дека тоа е резултат на неповолната плата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата истакнува дека има исклучоци во професијата кои се чесни и посветени на државата, но реакцијата на мнозинството, според нив, е „запрепастувачка“. Тие додаваат дека ако ниските плати се оправдување за неетичко судење и соработка со криминалци и корумпирани политичари, тогаш има јасна порака: „Нека си одат веднаш“.

На нивно место, велат од партијата, ќе дојдат луѓе кои ја сакаат државата и ќе воведат ред, дури и со плати од 1.500 до 2.000 евра – колку што денес примаат судиите.

„Вакво понижувачко и нелогично соопштение тешко дека дури и СДС би смислила. Секако, чест на малкуте исклучоци во судството кои се чесни и посветени на државата“, завршува соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape