Вечерва кај прилепската Дабница избувна голем пожар што зафати поширока површина од земјиште, јавуваат локалните медиуми.
Неофицијално, пожарот е предизвикан со намерно палење кабли. Огромен облак од чад се издига над Прилеп и е видлив од самиот град.
Сведоштва од терен предупредуваат дека огнот се движи кон манастирот „Успение на Пресвета Богородица – Трескавец“, што дополнително ја зголемува загриженоста кај жителите.
Од Центарот за управување со кризи и од Дирекцијата за заштита и спасување засега нема официјални информации за интервенции или за степенот на закана.
Жителите стравуваат дека без брза реакција огнената стихија може да направи сериозна штета на природата и културното наследство.