Баба од Србија (70) обвинета дека им мешала апчиња во храна и пијалок на постари мажи на кои им должела пари – сè за да ги замолчи засекогаш!
На 6 октомври, Вишиот суд во Белград треба да ја изрече пресудата против Душанка Тодоровиќ (70), која е обвинета за две обиди за тешко убиство од користољубие. Според обвинението, таа се обидела да ги отруе двајцата мажи – Драгиша Јовановиќ (87) и Чедомир Благојевиќ (90) – со цел да не им ги врати парите што ги позајмила од нив.
Отров во гравот и пијалокот – два обиди во еден месец
Првиот инцидент се случил на 1 ноември 2019 година, кога Душанка наводно ставила неколку таблети бромазепам во гравот што му го подготвила на Драгиша Јовановиќ. Откако го изел оброкот, се онесвестил, а го пронашла неговата ќерка, која веднаш го одвела во болница. Животот му бил спасен благодарение на брзата интервенција.
Само неколку недели подоцна, на 25 ноември 2019 година, Душанка повторно се обидела да убие – овој пат со труење преку пијалок. Жртва бил Чедомир Благојевиќ, кој бил пронајден во несвесна состојба од својот внук. И тој бил хоспитализиран и успеал да преживее.
Емоционални врски и долгови – мотивите зад труењата
Истражителите откриле дека Душанка имала емотивна врска со Драгиша, од кого позајмила околу 5.000 евра, но никогаш не му ги вратила. Кога тој почнал да ѝ ги бара парите, таа решила да го „замолчи“ со отров.
Во случајот со Чедомир, Душанка користела лекови што ги земала од куќата на Јовановиќ, за повторно да го успие и да го ограби.
40 години затвор – максимумот што го бара обвинителството
На судењето во Белград, обвинителството побара максимална казна од 40 години затвор, што е највисоката можна казна според тогаш важечкиот закон. Одбраната, пак, бара ослободителна пресуда, тврдејќи дека Душанка немала намера да убие, туку сакала само да ги „успие“ жртвите за да ги украде доказите за долговите.
На едно од рочиштата, Душанка се бранеше низ солзи, тврдејќи дека не сакала да направи ништо лошо, туку само сакала да го земе листот на кој Драгиша ги евидентирал нејзините долгови.