Италијанските затвори се соочуваат со нов скандал – властите донеле одлука да се забрани дистрибуцијата на кондоми меѓу затворениците. Причината, како што стои во соопштението, е ризикот од нивна злоупотреба.
Според надлежните, постои опасност затворениците да ги користат кондомите за прикривање дрога, па дури и за голтање со цел да ја избегнат стандардната контрола при претреси.
Во документот се нагласува дека ваквата иницијатива претставува ризик за здравјето, редот и безбедноста во затворите, особено затоа што одделот кој ја носи одлуката не бил консултиран однапред.
Како дополнителен проблем се наведува и можноста кондомите да се злоупотребат во ситуации на насилно однесување меѓу затворениците.
Одлуката предизвика лавина реакции во италијанската јавност, дел од кои ја поддржуваат мерката, а други предупредуваат дека таа би можела да создаде уште поголеми ризици за здравјето на затворениците.