ПРВ.мк
Магазин

Историски пробив: Лекарите открија третман што ја запира смртоносната Хантингтонова болест

Историски пробив: Лекарите открија третман што ја запира смртоносната Хантингтонова болест

Во светот на медицината се случи вистинска револуција – за прв пат лекарите успеале да ја забават прогресијата на Хантингтоновата болест за дури 75 проценти кај пациенти кои го примиле новиот генски третман. Станува збор за една од најстрашните наследни болести, која со години беше непобедлива и немилосрдно уништуваше мозочни клетки, оставајќи зад себе деменција, парализа и предвремена смрт.

Терапијата, развиена од тим на научници во Лондон и САД, се базира на директна инјекција во мозокот што го блокира мутираниот протеин одговорен за болеста. Пациентите во првите три години покажале неверојатно забавено напредување на симптомите – нешто што досега се сметаше за невозможно.

Професорката Сара Табризи, една од водечките истражувачки, со возбуда изјави: „Сега имаме третман за една од најстрашните болести во светот. Ова е историски момент.“

Со овој медицински пробив, илјадници семејства добиваат нова надеж дека ќе можат да продолжат да живеат со своите најблиски подолго, со помалку страдање и поголема независност.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape