ПРВ.мк
Магазин

Јелена Карлеуша откри зошто заврши пријателството со Марија Шерифовиќ: „Ме повреди во пеколен период“

Јелена Карлеуша откри зошто заврши пријателството со Марија Шерифовиќ: „Ме повреди во пеколен период“

„Многу ја сакав и секогаш бев тука за неа. Удирањето по мене како жена, пејачка... Знаеше низ каков пекол поминувам. Наместо да ми биде поддршка...“, вели Јелена Карлеуша за распаднатото пријателство со Марија Шерифовиќ.

Јелена Карлеуша гостуваше во „Амиџи шоу“, каде искрено проговори на многу теми, но и за односот и долгогодишното пријателство со Марија Шерифовиќ.

Двете поранешни членки на жирито на „Ѕвездите на Гранд“ повеќе не се во контакт, а Јелена сега е дел од шоуто „Ѕвездите на Пинк“.

Во гостувањето, Јелена откри зошто ставила крај на пријателството со Шерифовиќ:

„Не сум се слушнала со неа. Искрено ќе кажам...

Издадов два албума и видов дека Марија, која многу ја сакав како најблиска пријателка и секогаш бев тука за неа, лајкнала еден од најстрашните коментари на социјалните мрежи за мене... Коментар кој ме исмејува и навредува.

Тоа ме повреди и како човек и како колешка. Ја отследив веднаш на социјалните мрежи.

Удирањето по мене како жена, пејачка... Знаеше низ каков пекол поминувам. Наместо да ми биде поддршка...

Од неа очекував поддршка, а не ја добив.

Тоа ме повреди и тоа беше крајот на нашето пријателство“.

На темата зошто одлучила да биде член на жирито во „Ѕвездите на Пинк“, Карлеуша вели:

„Сметам дека беше недоразбирање и голема грешка што со години не бев на телевизијата Пинк.

Со цело срце ја прифатив поканата. Сметам дека еден ваков формат е добар начин луѓето по којзнае кој пат да ме видат во вистинско светло, да видат каква сум всушност.

Владеат многу предрасуди за мене, многу омраза, неправда кога станува збор за мене.

Повторно морам да докажувам дека не сум тоа што луѓето мислат за мене. Во 30 години немам еден мирен месец, ниту еден мирен ден“.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape