ПРВ.мк
Магазин

Избор што предизвика расправија: Овој град на Балканот го нарекоа „најлоша престолнина во Европа“

Избор што предизвика расправија: Овој град на Балканот го нарекоа „најлоша престолнина во Европа“

На социјалната мрежа Редит се отвори жестока дискусија околу прашањето кој е „најлошиот“ главен град во Европа, а еден град особено се издвоил според бројот на негативни коментари – Подгорица.

Иако изборот е целосно субјективен и дел од корисниците силно ги бранеа споменатите градови, главниот град на Црна Гора добил најмногу критики меѓу учесниците во дискусијата.

Дел од посетителите ја опишале Подгорица како град во кој не се чувствува атмосферата карактеристична за европските престолнини. Еден од коментарите бил дека градот повеќе потсетува на „нешто поголемо село“ отколку на главен град.

Од друга страна, имало и многумина кои застанале во одбрана на Подгорица. Тие ги пофалиле гостопримството на жителите, храната, релативно пристапните цени и близината до црногорското крајбрежје.

Но, Подгорица не била единствената балканска престолнина што се нашла на удар. Негативни коментари добила и Тирана, при што дел од посетителите се пожалиле на јавниот превоз и урбанистичката организација, оценувајќи дека градот на одредени места остава впечаток дека се развивал без јасен план.

Изненадувачки, на листата на критикувани градови се нашле и некои од најпознатите европски престолнини.

За Брисел, дел од корисниците навеле дека за време на посетата имале впечаток на нечистотија и несигурност. Рим, и покрај огромното историско и туристичко значење, бил критикуван поради отпадот, летните горештини, високата влажност и огромните гужви околу туристичките атракции.

Ниту Даблин не поминал без критики. Најчестите забелешки се однесувале на високите цени, нечистотијата и јавниот превоз, вклучително и недостигот од директна железничка линија од аеродромот до центарот.

Сепак, дискусијата на Редит не претставува официјално рангирање или истражување, туку збир од лични искуства и мислења на корисници. Токму затоа изборот на Подгорица предизвикал спротивставени реакции и дополнителна расправа меѓу оние што го критикуваат и оние што го бранат градот.