ПРВ.мк
Магазин

Во ова грчко летувалиште за 5 евра добивате лежалка, чадор, кафе, вода и крофна

Во ова грчко летувалиште за 5 евра добивате лежалка, чадор, кафе, вода и крофна

Грчкото летувалиште Неи Пори повторно привлече внимание кај туристите со понуда која ретко се среќава во екот на летната сезона. За само 5 евра посетителите добиваат лежалка, чадор за сонце, кафе, шише вода и крофна.

Понудата стана хит на социјалните мрежи, каде многумина првично се сомневаа дека станува збор за вистинска цена. Сепак, туристи кои веќе летуваат во Неи Пори потврдија дека понудата е реална и дека ваквите цени се задржуваат веќе неколку години.

Според нивните искуства, цената лани изнесувала 4,5 евра по лице, а годинава е 5 евра, што и понатаму е значително пониско во споредба со многу други грчки летувалишта.

Објавата предизвика бројни реакции на интернет, при што дел од корисниците прашуваа дали фотографијата е стара или дури генерирана со вештачка интелигенција. Но, туристите кои престојуваат во Неи Пори уверуваат дека станува збор за актуелна понуда и дека веќе со години ги користат истите услови.

Неи Пори е едно од омилените летувалишта за туристите од Македонија и регионот, а ваквите поволни цени дополнително ја зголемуваат неговата привлечност за семејствата кои бараат квалитетен одмор без високи трошоци.