ПРВ.мк
Магазин

Што да направите ако гром погоди човек? Лекарите откриваат што спасува живот

Што да направите ако гром погоди човек? Лекарите откриваат што спасува живот

Иако ударите од гром врз луѓе се ретки, тие можат да имаат тешки, па дури и фатални последици. Затоа лекарите апелираат граѓаните сериозно да ги сфатат предупредувањата за невреме и навреме да побараат безбедно засолниште.

Доколку лице биде погодено од гром, најважно е веднаш да се повика Итната медицинска помош. Ако лицето е без свест, треба да се провери дали дише и, доколку е потребно, да се започне со мерки за реанимација. Ако невремето сè уште трае, повредениот треба внимателно да се премести на безбедно место.

Експертите предупредуваат дека за време на грмотевици не треба да се носат метални предмети, како чадори со метален врв, сонцобрани или други предмети што содржат метални делови. Доколку сте на отворено и слушнете гром, тоа значи дека сте доволно блиску до бурата за да бидете во опасната зона, па треба веднаш да побарате цврсто засолниште.

Најбезбедно е да се престојува во затворен објект или во автомобил со затворени прозорци. Треба да се избегнува стоење под осамени дрвја, престој покрај вода и движење по отворени возвишени места.

Лекарите потсетуваат дека најдобрата заштита е превенцијата – следење на временските прогнози и навремено напуштање на отворениот простор кога се приближува невреме.