Ако мислите дека романтиката завршува со свадбата, овие приказни ќе ве разубедат. Постојат мажи кои и по години заеднички живот знаат како тивко, ненаметливо и искрено да покажат љубов. Не со големи зборови, туку со дела што се паметат цел живот.
Токму таквите мажи, според сведоштвата на жени кои ги споделиле своите искуства на Reddit, без двоумење би можеле да ја добијат наградата „сопруг на годината“.
„Мојот сопруг е човек што на прв поглед изгледа ладен, како сибирски мраз. Не е од оние што често покажуваат нежност и тоа понекогаш ми недостасува.
Еден ден барав нешто во неговиот плакар и случајно превртев една стара кутија што стои таму со години. Никогаш претходно не сум ја отворила.
Кога погледнав внатре, останав без зборови. Имаше наши стари фотографии, ситници што сум му ги подарила низ годините, мали спомени што не поврзуваат.
А најмногу ме потресе тоа што таму беше салфетката од нашиот прв состанок, на која му ја напишав мојата адреса.“
„Беше мој роденден. Се подготвував за на работа и веќе бев облечена кога заѕвони ѕвончето на вратата. Кога отворив, пред мене стоеше мојот сопруг со огромен букет рози.
Ми беше мило, но истовремено мислев дека немам време и дека морам да одам на работа. Веќе сакав да му кажам дека ќе зборуваме подоцна.
Тогаш тој ми рече: ‘Преоблечи се. Одиме на кафе и торта.’
Испадна дека му се јавил на мојот шеф и побарал слободен ден за мене. Целиот ден го поминавме така што правевме само работи што јас ги сакам – прошетка во паркот, ручек во мојот омилен ресторан, а вечерта и театар.
И денес, иако имаме деца, знае да организира вакви целосно испланирани романтични денови само за нас.“
„Секогаш кога се враќам од работа, го гледам сопругот во гаражата – како нешто средува, чепка, поправa.
Еден ден ми призна зошто.
И двајцата имаме апликации за следење на автомобилите. Тој гледа кога тргнувам од канцеларија, па излегува во гаражата и се преправа дека е зафатен.
Ми рече дека едноставно обожава да ме гледа како се појавувам зад аголот на улицата. Во брак сме 44 години.“
„Мојот сопруг е возач на камион и често не се гледаме со месеци. За мојот роденден не успеа да дојде, а јас бев навистина тажна.
Седев сама дома, јадев парче торта и си мислев дека овојпат дури ни цвеќе нема да добијам.
По некое време добив видео порака од него. Но, наместо него, се појави непознат човек што ми честиташе роденден – на француски. Потоа Италијанка, па Германка, па Грк.
Сфатив дека додека патувал низ Европа, во секој град им приоѓал на луѓе и ги замолувал да ми снимат кратка честитка, затоа што не можел да биде со мене.
Во видеото имаше околу 25 луѓе од различни земји.“
„Со сопругот се забавувавме едвај еден месец кога ме побара за да ме покани на состанок. Му кажав дека сум настината и дека не ми е добро.
Еден час подоцна, ми затропа на врата.
Немаше цвеќе. Наместо тоа, дојде со пилешко месо, зеленчук, овошје и витамин Ц. Влезе во кујната, зготви супа и ме нахрани.
Заспав на каучот. Тој ме однесе во спалната, ме покри и си замина.
И денес, по години брак, се грижи за мене на ист начин секогаш кога сум болна.“
Овие приказни не се за совршени мажи, туку за луѓе што знаат дека љубовта не е во големите зборови, туку во малите, тивки гестови што значат сè.
















