ПРВ.мк
Балкан

Косово отворено застана зад САД по нападот врз Венецуела: „Кога Америка води, ние сме со неа“

Косово отворено застана зад САД по нападот врз Венецуела: „Кога Америка води, ние сме со неа“
Kristal

Воената интервенција на Соединетите Американски Држави во Венецуела и апсењето на претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес предизвикаа бран реакции од светските лидери, при што меѓународната заедница остана длабоко поделена.

Меѓу државите кои јавно ја поддржаа американската акција е и Косово. Претседателката Вјоса Османи преку објава на социјалната мрежа X порача дека Приштина цврсто стои зад претседателот Доналд Трамп и одлуката на Вашингтон.

„Косово гордо стои покрај САД. Кога Америка води, ние сме заедно со неа, затоа што нашата заедничка слобода зависи од тоа“, напиша Османи.

Ова не е првпат Косово да заземе ваков став, бидејќи и минатата година јавно го поддржа американскиот воздушен напад врз Иран.

Поддршка за американската интервенција изрази и Украина. Министерот за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека народот на Венецуела заслужува нормален и достоинствен живот, без репресија и насилство. Тој нагласи дека Киев не го признава легитимитетот на Мадуро, обвинувајќи го за наместени избори и насилство врз демонстрантите.

Од друга страна, повеќе европски земји повикаа на воздржаност. Британскиот премиер Кир Стармер истакна дека Велика Британија не учествувала во операцијата и побара строго почитување на меѓународното право. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, повика на мирна и демократска транзиција на власта во Венецуела.

САД, пак, тврдат дека акцијата била неопходна поради, како што наведуваат, поврзаноста на Мадуро со нарко-картели и сериозен организиран криминал, додавајќи дека венецуелскиот лидер и неговата сопруга ќе се соочат со судски процес во Соединетите Држави.

FixCredit
Escape