Поранешниот американски претседател Доналд Трамп на своите социјални мрежи објави фотографија на која се гледа уапсениот венецуелски претседател Николас Мадуро со лисици на рацете.
На фотографијата, Мадуро изгледа дека носи елек за спасување околу вратот, додека до него стои лице облечено во јакна со ознаки на американската Агенција за борба против дрога – ДЕА. Објавата веднаш предизвика бурни реакции и бројни коментари на социјалните мрежи, дополнително подгревајќи ги тензиите околу случувањата во Венецуела.
Засега нема официјална потврда од американските институции за деталите околу апсењето, ниту информации каде е направена фотографијата и под кои околности. Сепак, објавата на Трамп се толкува како јасна политичка порака во екот на глобалните реакции по американската интервенција во Венецуела.

Се очекува во текот на денот да следуваат официјални соопштенија со повеќе информации за статусот на Мадуро и понатамошните чекори на САД.
















