Од денес во Велика Британија стапи на сила целосна забрана за рекламирање на брза и нездрава храна на телевизија и интернет, како дел од владините мерки за борба против дебелината кај децата.
Забраната важи за производи со висока содржина на масти, сол и шеќер, вклучувајќи газирани пијалоци, чоколадо и слатки, пица, сладолед, засладени пекарски производи, готови оброци и сендвичи. Рекламите на телевизија пред 21 часот и секое рекламирање преку интернет се строго ограничени.
Владата користи систем за бодување кој ги оценува нутритивните вредности на храната за да одреди кои производи спаѓаат под забраната. Природните овесни каши и не засладените житарки се исклучени, но верзиите со додаден шеќер или сируп ќе бидат забранети.
Иако рекламите за конкретни нездрави производи се забранети, синџирите за брза храна сè уште можат да го рекламираат името на брендот. Досега ваквите мерки важеле само на платформи каде повеќе од 25% од публиката е под 16 години.
Според NHS, речиси секое десетто дете под седум години страда од дебелина, а едно од пет деца до пет години има проблеми со кариес. Владата проценува дека новата забрана ќе спречи околу 20.000 случаи на детска дебелина.
















