ПРВ.мк
Црна Хроника

Што точно се случило кобната ноќ во Волково: Обвинителството со нови детали за смртта на Горан Ивановски

Што точно се случило кобната ноќ во Волково: Обвинителството со нови детали за смртта на Горан Ивановски
Kristal

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага и соопшти нови детали за сообраќајната несреќа во која загина Горан Ивановски. Според официјалната информација од Основно јавно обвинителство Скопје, постапка е поведена против едно лице за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Осомничената е 40-годишна жена од Скопје која, според обвинителството, на 3 јануари во вечерните часови управувала автомобил „Мерцедес“ во населбата Волково. Движејќи се во ист правец, таа не обрнала доволно внимание на пешаците кои се наоѓале на коловозот или започнале да се движат по него.

Во соопштението се наведува дека со предниот десен дел од возилото удрила во пешакот Горан Ивановски, кој се движел покрај десниот раб на коловозот, во иста насока како и автомобилот. Иако, како пешак, бил должен да се движи по тротоарот, ударот бил кобен – Ивановски се здобил со тешки телесни повреди и починал на самото место.

Јавниот обвинител издал повеќе наредби за вештачења со цел целосно да се расветлат сите околности на несреќата, вклучително и брзината на возилото, условите на патот и однесувањето на учесниците во сообраќајот.

Додека трае истрагата, за осомничената се предложени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето и одземање на патната исправа. Обвинителството најавува дека по завршување на вештачењата ќе следуваат и дополнителни одлуки во постапката.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape