ПРВ.мк
Топ Вести

Орбан алармира: Декрет од Брисел е крајно застрашувачки – еве што бараат од Унгарија!

Орбан алармира: Декрет од Брисел е крајно застрашувачки – еве што бараат од Унгарија!
Kristal

Унгарскиот премиер Виктор Орбан истакна дека Украина бара од Европската Унија дури 800 милијарди долари во следните десет години, што би имало сериозни социјални последици за Унгарија. Орбан оценува дека оваа сума би можела да ги исплати пензиите во Унгарија во следните 40 години, а сите семејни бенефиции дури 60 години.

Според премиерот, украинскиот лидер Володимир Зеленски сака овие средства да ги добие од Брисел, а Европската комисија планирала дел од трошоците да ги префрли врз земјите-членки, вклучително и врз Унгарија.

На вчерашната седница на унгарската влада бил презентиран извештајот на министерот за европски прашања Јанош Бока, во кој детално се објаснува како Брисел би ги распоредил барањата од 800 милијарди долари и од кои извори ќе се обезбедат средствата. Орбан го оцени извештајот како „исклучително застрашувачки“.

Премиерот предупреди дека спроведувањето на таканаречените „бриселски декрети“ би значело укинување на 13-тата и 14-тата пензија, постепено укинување на семејните бенефиции и воведување прогресивен данок на доход, што дополнително би ги оптоварило унгарските даночни обврзници.

Орбан истакна дека Унгарија го отфрла ова сценарио и најави дека целосниот извештај на министерот Бока ќе биде објавен. Тој додаде дека на априлските парламентарни избори унгарските граѓани ќе можат да изберат „помеѓу патот на Брисел и патот на мирот“.

FixCredit
Escape