ПРВ.мк
Македонија

Трет ден Божиќ – Свети Стефан

Трет ден Божиќ – Свети Стефан
Kristal

На трет ден Божиќ, православните христијани го одбележуваат споменот на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан, кој важи за заштитник на болните, старите и сиромашните.

Стефан бил Евреин од елинските области и роднина на апостолот Павле. Тој бил прв меѓу седумте ѓакони поставени од Светите апостоли за грижа кон сиромашните во Ерусалим, поради што го нарекле архиѓакон. Со силата на верата извршувал многу чуда и ја сведочел Божјата мудрост пред луѓето.

Злобните Евреи се препирале со него, но секогаш биле надминати од неговата мудрост и духовна сила. Кога го наклеветиле Стефан дека богохулел и бил против Мојсеј, а лажни сведоци потврдиле нивните обвиненија, тој се обратил пред народот со лице озарено како лице на ангел. Стефан ја истакнал Божјата добрина и чуда извршени во минатото над народот израилски, но и нивните злосторства, особено убиството на Господ Христос.

„И додека тие чкртаа со забите, Стефан погледна и го виде небото отворено и Синот Човечки кај седи од десната страна на Бога“ (Дела 7). Потоа бил изведен надвор од градот и убиен со камења, а меѓу неговите мачители бил и Савле, подоцна апостол Павле. Во далечина, Пресвета Богородица со Свети Јован Богослов присуствувале на мачеништвото, молејќи се за Стефан.

Телото на Свети Стефан тајно било погребано од Гамалиил, кнез еврејски и потаен христијанин. Така заврши животот на првенецот меѓу христијанските маченици и тој се пресели во Царството на Господ Исус Христос.

FixCredit
Escape