ПРВ.мк
Македонија

Голем пресврт во здравството: Фондот ќе плаќа генетско тестирање на ембриони пред ин витро

Голем пресврт во здравството: Фондот ќе плаќа генетско тестирање на ембриони пред ин витро
Kristal

Македонија прави сериозен чекор напред во репродуктивната и онколошката медицина. За првпат, предимплантациската генетска дијагностика – напредно генетско испитување на ембрионот пред ин витро постапка – ќе се врши на трошок на Фонд за здравствено осигурување на Македонија.

Оваа услуга досега не се изведуваше во земјава, а пациентите беа приморани да одат во странство. Сега, анализите ќе се спроведуваат во современата лабораторија на Природно-математички факултет – Скопје, која е целосно опремена за ваков тип дијагностика.

Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски, објасни дека со земање неколку клетки од ембрионот пред всадување, ќе може прецизно да се утврди дали постојат генетски заболувања, што директно ја зголемува успешноста на ин витро постапките и шансите за раѓање здраво дете.

„Ги зголемивме ин витро обидите на шест на товар на Фондот. Сега одиме чекор понатаму – да ја зголемиме и нивната успешност“, истакна Клековски.

Покрај репродуктивната медицина, лабораторијата на ПМФ ќе изведува и напредни молекуларни анализи за онколошки пациенти, што значително ќе го скрати времето на чекање за дијагноза и почеток на терапија.

Деканот на ПМФ, Даворин Трпески, нагласи дека над 90 проценти од опремата е финансирана со државни средства и дека сега тие инвестиции директно се враќаат кај граѓаните преку здравствени услуги.

Оваа одлука се оценува како една од најзначајните здравствени реформи во последните години, со директно влијание врз илјадници семејства.

FixCredit
Escape