ПРВ.мк
Магазин

Некрстени денови – овие работи не смее да ги правите до Водици!

Некрстени денови – овие работи не смее да ги правите до Водици!
Kristal

Во македонската народна традиција, особено значаен период е времето од Божик до Водици, односно од раѓањето на Исус Христос до неговото крштевање. Овие дванаесет денови се нарекуваат Некрстени денови, а исто така и Ристосови или Погани денови, и според народното верување, се најризичните и најопасните денови во годината.

Според старите верувања и суеверија, токму во овој период децата некрстени и жените леунки се особено изложени на влијание од негативни демони и нечисти сили. Иако историски Исус е крстен на триесетгодишна возраст, народното предание задржало уверување дека во деновите помеѓу Божик и Водици се активни разни злосторни суштества – караконџули, вештерки и други зли духови. Тие, според верувањето, влегуваат во домовите, учествуваат во гозбите и на различни начини се обидуваат да му наштетат на човекот.

Се сметало дека овие сили владеат од стемнување до разденување, поради што во тој период се препорачувало да не се излегува навечер. Ако излегувањето било неопходно, луѓето носеле со себе лук, крст или остар предмет како заштита.

Во народот постоеле и строги правила за домаќинството: во некрстените денови не се предело, не се ткае и не се пере. Надвор, пак, не смее да се остава бела облека, особено детска, бидејќи се верувало дека злите сили би можеле да им наштетат на децата.

Овој период во македонската култура се сметал за време на голема духовна и магиска активност, кога луѓето се штителе со симболи на верата и практики за заштита од злото.

FixCredit
Escape